Почина на 6 години, а имаше само 8 килограми: Доживотен затвор за таткото кој го изгладнувал својот син во Аризона

469

Еден човек од северна Аризона е осуден на доживотен затвор по повеќе обвиненија, вклучително и убиство од прв степен, откако неговиот 6-годишен син починал од глад во 2020 година.

Како што пренесува АП, судијата на округот Коконино го осудил Ентони Мартинез (28) за обвиненијата за злоупотреба на деца, како и за киднапирање и злоупотреба на деца.

Локалниот весник Arizona Daily Sun објави дека Мартинез одбил да зборува за време на судското сослушување, но напишал писмо до своите деца, кое во судницата го прочитал бранител, во кое тој се извинува „за сите работи што ги направил“.

Претседавачкиот судија Тед Рид наведе отежнувачки фактори при изрекувањето на казната за Мартинез, опишувајќи ги злосторствата како особено грозоморни и сурови што Мартинез ги извршил како татко и додаде дека Мартинез имал трауматично детство и немал претходни кривични пресуди, пренесува Танјуг.

Синот на Мартинез, Дешон, бил затворен во плакарот во спалната соба по 16 часа дневно со својот постар брат како казна за тоа што крадел храна од куќата навечер додека нивните родители спиеле.

Обдукцијата покажа дека момчето тежело само 8,1 килограм кога починало, што е многу под просекот за неговата возраст.

Мајката на момчето, Елизабет Арчибек, се изјасни за виновна за убиство од прв степен и злоупотреба на деца и во јули 2023 година беше осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување.