Орбан и ја плесна вистината в лице на Европа: Се повеќе се вовлекуваат во конфликт од кој не можат ништо да добијат

511

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека Европа се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина, во кој нема што да добие, туку многу да загуби.

– Живеејќи во балон, бриселската бирократија направи неколку политички грешки во последните години. Европа се повеќе се вклучува во војна од која не може да добие ништо, но лесно може да изгуби се. Секој ден се поочигледно е дека кога станува збор за војна, ништо не им е прескапо – рече Орбан.

Унгарскиот премиер рече и дека бриселските бирократи ја сакаат таа војна, сакаат да ја поразат Русија, сакаат парите на европските даночни обврзници да одат во Украина, додека во исто време европските компании трпат санкции, скокови на инфлација, а милиони граѓани се во тешка позиција.

– Европа е во криза, христијанската цивилизација слабее, економската моќ паѓа, а исто така и конкурентноста на Стариот континент. Способноста на Европа да ги застапува сопствените интереси во меѓународната политика исто така опаѓа – заклучи тој.

Претходно Орбан изјави дека западните земји се поблиску до линијата на фронтот и директно се мешаат во конфликтот во Украина. Меѓутоа, како што рече, во таква ситуација Унгарија нема да учествува во мисијата на НАТО во Украина, ниту пак ќе обезбеди војници, оружје или финансиски средства за оваа намена.