Европските компании потпишаа договори во вредност од над 42 милијарди долари во Египет

185

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека компании од Европската унија (ЕУ) потпишале договори за инвестирање со Египет во вредност од над 40 милијарди евра.

Објавувањето на повеќе од 20 нови договори или меморандуми за разбирање со Египет уследи по пакетот финансирање на ЕУ од 7,4 милијарди евра, во услови на напори за стабилизирање на нејзината економија и запирање на приливот на мигранти во Европа, објави денеска Ројтерс.

„Вашата стабилност (на Египет) и вашиот просперитет се од суштинско значење за целиот регион“, рече фон дер Лајен во говорот на почетокот на дводневната инвестициска конференција Египет-ЕУ во Каиро.