Жителите на две населби во Кератеа беа принудени да се евакуираат поради шумските пожари кои утринава избувнаа во областа.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се 45 пожарникари со 17 возила, два противпожарни авиони и два хеликоптери, соопшти Противпожарната служба, пренесува Катимерини.
Пораката за итна евакуација до мештаните стигнала по девет часот утринава.
Сообраќајот во Кератеа е пренасочен.