Советот на Европа објави дека вовел нов пакет санкции против Белорусија, со кој се забранува увоз на злато, дијаманти, јаглен, минерални производи, сурова нафта и хелиум во ЕУ.
Како што се наведува, станува збор за пакет санкции кој веќе е воведен кон Руската Федерација, а сега овие рестриктивни мерки се проширени и во Белорусија.
Европската унија, исто така, забранува превоз на стоки со возила регистрирани во Белорусија, вклучувајќи приколки и полуприколки.
Унијата им забранува на европските компании да реизвезуваат стоки во Белорусија, доколку се работи за стоки што подлежат на одредени ограничувања на ЕУ.
Забранет е и транзитот на стоки и технологија со двојна намена низ Белорусија.
Да потсетиме, малку порано шефот на дипломатијата на Белорусија, Сергеј Алејник изјави дека Минск и Москва ќе одговорат асиметрично на сите западни санкции. Инаку, кон Русија досега се воведени 14 пакети санкции, а од Брисел најавија дека веќе работат на 15-тиот пакет.