Јанушев нов генсек на Влада, нови директори добија и Царина, УЈП…

264

Игор Јанушев, новиот генерален секретар на Владата,
Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи,  Елена Петрова е новиот директор на Управата за јавни приходи, а
Бобан Николовски е именуван за директор на Царинската управа, вака денеска одлучи новата Влада, која ја одржа првата седница.
За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Тој е доскорешен директор на Јавно претпријатие во Општина Куманово. За шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата е назначен Владимир Нелоски, а негов заменик Саше Павлоски.
Освен именувањата, на денешната владина седница е заклучено дека меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена на  седницата на новата Влада.