epa11105036 Novak Djokovic of Serbia in action against Jannik Sinner of Italy during the Men's semi final match at the Australian Open tennis tournament in Melbourne, Australia, 26 January 2024. EPA-EFE/MAST IRHAM

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по само неполн месец од операцијата на коленото одлучи да настапи на Вимблдон и ги дозна можните ривали на патот до нов трофеј.

Добра вест за него е што Карлос Алкараз, првиот фаворит за трофејот, е на спротивната страна од ждрепката, но и покрај тоа Ноле нема да има лесна задача во Лондон. Во полуфиналето би играл со Александар Зверев, а претходно во четвртфиналето можен е судир со Хуберт Хуркач, еден од најопасните ривали на трева, кого минатата сезона на Вимблдон го доби со 3-1 во сетови.

Во осминафиналето Новак би го чекал Холгер Руне, кој не блеска оваа сезона, додека на стартот на турнирот, седумкратниот шампион ќе игра против квалификантот од Чешка, Вито Коприва. На спротивната страна од ждрепката се Циципас, Алакраз, Синер… Вимблдон започнува на први јули, а титулата ја брана Алкараз.