Среќен крај на повеќечасовната агонија во грчко летувалиште: Македонци пронашле загубено 3-годишно девојче

2977
Фото: Facebook

Македонски туристи кои летувале во Грција, во местото Неа Флогита кај Филатеки, вечерва пронашле тригодишно девојче, кое според нивните тврдења било само и без родители.

Авторот на апелот од Скопје изјавил дека веднаш по откривањето била известена полицијата, по што девојчето било згрижено во полициска станица.

За среќа, според последните информации од корисниците на Фејсбук групата „Грчка инфо“, родителите на девојчето се пронајдени.

– Ги најдовме родителите и ги возиме во полициска станица да го собереме нивното дете кое ги чека таму. Во ред е луѓе. Фала му на Бога – се наведува во објава на социјалната мрежа Фејсбук во групата „Грчка инфо“.

Како што претходно напиша авторот на оваа објава во коментарите на Фејсбук групата „Грчка инфо“, Марија зборува српски, но не го знаела името на нејзиниот татко, ниту каде живее.

Хероите на драмата по изгубеното девојче во Грција: Македонецот Сашко ја пронајде, Стефан и Валентина ги пронајдоа родителите