САД ги советуваа своите граѓани да го напуштат Либан

324

Соединетите Американски Држави (САД) се приклучија на се поголемиот број земји кои ги советуваат своите граѓани да го напуштат Либан поради ризик од војна, со оглед на континуираните тензии меѓу Израел и Хезболах.

Повикот до граѓаните на САД уследи по посетата на израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, на Вашингтон, каде тој изјави дека Израел може да го врати Либан во „каменото доба“ во случај на војна со Хезболах, но дека не сака ескалација на конфликт и повеќе се залага за дипломатско решение.

„Ние не сакаме војна, но се подготвуваме за секое сценарио“, им рече Галант на новинарите, завршувајќи ја четиридневната посета на Вашингтон.

Тој додаде дека Хезболах многу добро разбира дека Израел може да му нанесе голема штета на Либан во случај на војна.