На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
И директорот на затворот Идризово, Зоран Јовановски, го потврди настанот од видеото кое е лиферувано од страна на повеќе медиуми и на кое се гледа дека има групирање во дворот на затворот Идризово кое продолжува со тепачка.
Јовановски за ТВ 24 вели дека таквите ситуации се секојдневие во затворот,а информира и дека полесно е повреден еден полицаец кој се обидувал да ги смири затворениците. Како што вели Јовановски преголемата натрупаност во затворот останува и натаму сериозен проблем во казнено-поправните установи.