„Хероина“ – Сара Мејс низ новата песна порачува со силни емоции: Повторно застани на нозе!  

56

Познатата македонска поп-пејачка Сара Мејс (сопругата на познатиот водител Димитар Атанасовски и мајка на две деца) има нова песна, интересна за слушање, но и поткрепена со видео спот, интересен за гледање. Тоа е песната “Хероина“, во која како и во сите свои претходни музички проекти, Сара Мејс изразува силни емоции, овој пат посветени на секоја дама: девојка, мајка, ќерка, сестра, братучетка, тетка, вујна, сосетка…. Сара Мејс на тој начин гордо го објавува својот најнов музички проект.

Всушност, „Хероина“ е слика и прилика на една силна македонска жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која непрекинато учи како повторно да застане на нозе, од како низ животот ќе ѝ се случат многу емотивни несреќи. Тоа и кај публиката предизвикува силна бура од емоции.

Автор на автентичниот текст, како и на музиката е самата Сара Мејс. За аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, а под спотот се потпишува Томислав Живковиќ, додека асистент на продукцијата e Љупка Андоновска.

Видеоприказната во целост ја отсликува целата приказна, благодарение на сите хероини кои настапуваат во спотот, во кој меѓу другите ги гледаме и: Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Тамара Котевска, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска….и уште многу други. Тука во спотот се и многубројните дечиња кои се составен дел и смислата од животот на секоја од хероините.   Д.М.