EPA-EFE/ALLISON DINNER

Репрезентациите на Еквадор и Венецуела забележаа победи во средбите од второто коло од групата Б на Копа Америка.

Еквадор беше убедлив против Јамајка, победувајќи со 3:1, додека Венецуела се пласираше во четвртфиналето со победата од 1:0 над Мексико.

Во последното коло ќе играат Венецуела – Јамајка и Мексико – Еквадор, дуел кој ќе го даде вториот паткин за пласман во четвртфиналето. И Мексико и Еквадор имаат по три бода, додека Јамајка е веќе елиминирана, па мечот со Венецуела ќе биде без резултатско значење.