Вечерва првата дебата: Историски ТВ дуел меѓу Бајден и Трамп

122

Првата дебата на претседателските кандидати во САД, актуелниот демократски претседател Џозеф Бајден (81) и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп (78) ќе се одржи вечерва во рамки на кампањата за изборите што ќе се одржат во ноември.

Дебатата започнува во три часот во петок, по средноевропско време, а ќе се емитува од студијата на CNN (CNN) во Атланта, Џорџија, САД.

Дебатата истовремено ќе се емитува и на други мрежи, јавува Си-Би-Ес, а како што претходно беше најавено, изборниот штаб на кандидатите се согласил на нови правила, кои вклучуваат исклучување на микрофонот.

Наскоро прва дебата меѓу Трамп и Бајден, воведени нови правила