– Енергетиката е една од важните прашања во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, делумно и заради енергетската ситуација во Европа и времето на евтин гас е завршено барањето на нови извори на енергија вклучувајќи ја и зелената транзиција, изјави  Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско гостување.

– Во нашата енергетска програма РЕК Битола е уште столб во наредниот период, меѓутоа тоа е за да добиеме време да ја направиме другата транзиција вклучувајќи ги и ветерните паркови. Овој ветерен парк е еден од трите ветерни паркови, кои се наведени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а има и приватни иницијативи за ветерни паркови – нагласи Клековски.

Според него, инвестиција во ветерниот парк од 55 ветерници, што ќе почнат да се градат во трите општини Карбинци, Штип и Радовиш, во втората половина на 2025 година, е стабилен извор на енергија и долгорочен проект кој дава енергетска независност и поевтина енергија.

– Ова за Македонија значи стабилен пристап до енергија, второ би значело поевтин извор на енергија во моментот што е битен за економијата, но мораме да работиме на нови проекти за енергетска независност и поевтинување на енергијата заради општата конкурентност и ова се долгорочни проекти. Ова важен дел од сувереноста за наредниот период – истакна Клековски.