Тоа што го направија грузиските фудбалери ќе остане во аналите на европскиот фудбал. Дебитантот на Европското првенство, кој многумина го отпишаа пред почетокот на турнирот во Германија, не само што преживеа тешка група, туку продолжува понатаму.
Во последното коло од групата Ф Грузија ја победи Португалија со 2:0, а Турција со 2:1 ја победи Чешка.
Португалија, Турција и Грузија одат во нокаут фазата.
Чешка, која 70 минути имаше играч помалку, одигра храбро, дадоа се од себе, но не успеаја да останат во Германија.
Фудбалската репрезентација на Грузија се најде меѓу петте со најмали шанси за освојување на Европското првенство во Германија.
Меѓу тие пет селекции се најдоа Романија, Словачка, Словенија и Албанија, според познатата статистичка компанија Опта.
И сите споменати репрезентации, освен Албанија, ќе играат во осминафиналето на ЕП.
Секако, тоа не значи дека некој од нив ќе ја освои титулата европски првак, но покажува донекаде потценувачки однос кон овие селекции.
Грузија, 74-та во светот, ја победи Португалија, која е шеста селекција на ранг-листата на ФИФА.