Како и што беше најавено од страна на УХМР во вечерните часови почна нестабилното невреме во Скопје проследено со пороен дожд, силен ветер и грмежи.
„Нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи“, предупреди УХМР во последната најава за времето.
Предходно, Полошкиот регион беше зафатен од поголема нестабилна облачна маса, проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на суградица
Освен Тетово кое претходно беше зафатено од невреме, нестабилно е во Охридскиот регион, Велешко и северозападниот дел од Скопската Котлина.