Прв човек на ЈСП, Кушовски, на Паркови, Ангеловски, а на Улици и патишта, Умленски

365

Со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија,
градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, назначени нови
директори. Нов директор на ЈСП е Драги Кушовски, на ЈП „Паркови и
зеленило“ е Мартин Ангеловски, а ЈП „Улици и патишта“, Ванчо
Умленски.

Од Град Скопје соопштија дека Кушовски, Ангеловски и Умленски
доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со
поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на
раководни позиции.\

-Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување
на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат
континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на
претпријатијата и реализација на програмските активности и
проектите – наведуваат од Град Скопје.