Во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна.
– Во вакви екстремни временски услови, Македонија и ова лето се соочува со недоволен број на пожарникари, застарени противпожарни возила, неупотреблива техника за справување со пожари и без пилоти за канадерите. Дополнителен застрашувачки проблем, што се наметнува кон овие скромни ресурси за борба против пожари, е недостатокот на пилоти за трите канадери кои беа на одржување во Шпанија. Од тројцата пилоти за канадерите, останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање – реагираат од Левица.
Оттаму сметаат дека заштитата на граѓаните од пожари треба да ја обезбеди државата.
– Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35,6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера – се истакнува во нивното соопштение и бараат итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари.
Дополнително бараат итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнување на потребните минимални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност.