Лидерите на земјите-членки на Европската унија успеаја да се договорат за назначувањето на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседател на Европската комисија, тврди германската агенција dpa.
И покрај тоа што првично против беа лидерите на земјите од ЕУ како Унгарија (Виктор Орбан) и Италија (Џорџа Мелони), тие успеаја да се договорат и да и дадат можност на фон дер Лајен за втор мандат на оваа позиција.
Да потсетиме, на неформалниот состанок одржан минатата недела во Брисел, не беше постигнат договор меѓу лидерите на земјите-членки на ЕУ.
Тогаш беа договорени и други назначувања, како Антонио Коста како замена за Шарл Мишел како претседател на Европскиот совет, Роберта Мецола за нов мандат како претседател на Европскиот парламент, како и Каја Калас како замена за Жозеп Борел на местото висок претставник за безбедност и надворешна политика.
Се треба да биде официјализирано на формалната средба на лидерите на ЕУ што ќе се одржи во Брисел на 27 јуни, а потоа Европскиот парламент ќе гласа за именувањата, каде се очекува Фон дер Лајен да ја има потребната поддршка.