Бил Беличик (72) многумина го сметаат за најдобриот тренер на сите времиња во американскиот фудбал (НФЛ). Освои осум титули во Супербоул и ја напушти екипата на Њу Ингланд во јануари оваа година, каде што остави најголема трага. Сè уште не се знае дали ќе се пензионира или ќе води друга екипа, но за тоа време се појави уште една информација – дека е во врска со 24-годишна девојка.

Според информациите кои ги објави американскиот портал „ТЗМ“, искусниот стручњак, наводно излегува со Џордон Хадсон, која е дури 48 години помлада од него! Двајцата беа фотографирани заедно и на јахта во Хрватска, а тоа дополнително ги подгреа шпекулациите.