Град Скопје нема никакви обврски, ниту исплати

1147

Откако приватните превозници најавија дека од денеска нема да сообраќаат од 10 часот па натаму, дознаваме дека тие имале средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. На прашањето што било договорено на таа средба, од Град Скопје само кусо одговорија дека немаат никакви обврски, ниту исплати кон превозниците. – За договорни обврски и релации помеѓу ЈСП и приватните превозници одговори може да дадат од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Денеска превозниците сообраќаат редовно согласно утврдените возни редови, нагласија градските власти

 

Откако приватните превозници најавија дека од денеска нема да сообраќаат од 10 часот па натаму, дознаваме дека тие имале средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. На прашањето што било договорено на таа средба, од Град Скопје само кусо одговорија дека немаат никакви обврски, ниту исплати кон превозниците.

– За договорни обврски и релации помеѓу ЈСП и приватните превозници одговори може да дадат од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Денеска превозниците сообраќаат редовно согласно утврдените возни редови – нагласија градските власти.

Од ЈСП не сакаа да дадат прецизен одговор за најавата на приватните превозници дека нема да сообраќаат, но вo соопштението кое подоцна го испратија од ЈСП информираа дека јавниот превоз функционира непречено и сите возила сообраќаат согласно со важечкиот летен возен ред.

Приватните превозници воопшто не одговараат и не огласуваат на телефон во врска со најавата за нивниот бојкот, бидејќи не само што не им се исплатени платите , туку им се должи и за останатите трошоци кои ги имаат за возење на градските линии во Скопје. Долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.

Приватните превозници на ваков чекор се одлучија и пред повеќе од една година кога главниот град го оставија без јавен превоз не возејќи неколку месеци, а автобусите во знак на револт им беа паркирани по булеварите. Тие штрајкуваа половина година, од декември 2022 година, до мај лани, поради долг од еден и половина милион евра.

Поради доцнење на плата пред четири месеци и вработените во ЈСП Скопје два часа ја запреа работата.

Граѓаните речиси две години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

 (А.П.)