Секогаш е интересно да се открие какво е менито на славните. Дали сакаат скапи ресторани или сакаат оброци дома? Семејството Клуни ја сака пицата Маргарита.
Џорџ и Амал Клуни сакаат да јадат пица еднаш неделно, а омилена им е Маргарита со рукола.
Оваа информација ја откри нивната приватна готвачка Вивиана Фричи, која за славната двојка готви од 2013 година. Таа за магазинот People откри какво е менито на Клуниеви. Како што истакна таа, омилени им се едноставните и здрави јадења.
Џорџ и Амал Клуни дел од годината поминуваат во Италија во нивниот дом на езерото Комо, а парот често ужива во италијанската храна.
Инаку, семејството Клуни го имаат својот омилен ресторан на езерото Комо, скриен од метежот и вревата на градот.
До него се стигнува по кривулест пат нагоре по планината. Нивното омилено јадење е печена артичока со пекорино крем и карамелизиран кромид, шпагети прелиени со пржени тиквички во путер и босилек.