Драма на лет на Боинг: Авион полета, па почна да гори/ВИДЕО

355

Патнички авион безбедно слета на аеродром во Нов Зеланд откако избувна пожар и откажа еден од моторите, соопшти Националната противпожарна служба, пренесува Асошиејтед прес.

Боингот 737-800 на Virgin Australia летал за Мелбурн, Австралија, но на крајот слетал во новозеландскиот град Инверкаргил. Инцидентот можеби е резултат на „судир со птици“, изјави Стјуарт Агс, главен оперативен директор на авиокомпанијата.

Последиците од судирите со птиците варираат по сериозност во зависност од големината на птиците, реакцијата на пилотот и кој дел од авионот се судрил. Пламенот во авионот бил забележан веднаш по полетувањето од аеродромот во Квинстаун.

Нема дополнителни информации за тоа што се случило во моментот на инцидентот, изјави Кетрин Нинд, портпаролка на аеродромот. Во инцидентот нема повредени. Во авионот имало 67 патници и шест членови на екипажот. Агс најави дека патниците ќе бидат сместени преку ноќ во Инверкаргил и дека ќе се договорат нови летови.

Ова е само последниот во серијата инциденти со авиони Боинг.