Кремљ: Изјавата на Столтенберг за нуклеарното оружје е уште една ескалација на тензиите

108
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ја оцени изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за можноста за ставање во состојба на готовност нуклеарното оружје на Алијансата како уште една ескалација на тензиите.

„Тоа не е ништо друго туку уште една ескалација на тензиите“, изјави Песков за новинарите, а пренесува РИА Новости.

Столтенберг претходно изјави дека НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност, наведувајќи дека транспарентноста во тој случај е пречка.