Австрија ќе биде топовско месо за Франција

73
epa10321525 Olivier Giroud (2-L) of France celebrates with teammates after scoring his second goal during the FIFA World Cup 2022 group D soccer match between France and Australia at Al Janoub Stadium in Al Wakrah, Qatar, 22 November 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Заедно со Англија, репрезентацијата на Франција важи за најголем фаворит кога е во прашање трофејот на ЕП 2024. Таа улога избраниците на Дидиер Дешамп ќе се обидат да ја оправдаат веќе денеска на дуелот против селекцијата на Австрија. За очекување е „Галските петли“ да имаат офанзивен пристап од првиот судиски свиреж, а како и на претходните така и на овој натпревар главниот збор ќе го има најновата аквизиција на европскиот клупски шампион, тимот на Реал (М), Килијан Мбапе.

Друштво на Мбапе во нападот најверојатно ќе му прават Гризман и Жиру, а на спортивната страна најмногу се очекува од искусниот фудбалер на Интер, Марко Арнаутовиќ.

-Нема ништо поважно од тоа кое сега е пред нас. Имаме нови зацртани цели, игрчи кои се променија. Постои само една вистина, таа која е на зелениот терен. Секогаш мора да мислиме што е најдобро за Франција и затоа секоја одлука ќе биде клучна. Тешко е да се победи кога се игра на едно такво интернационално ниво. Кога едниот тим победува другиот не спие, ја чека својата шанса. Затоа не се замарам со тоа дека можам да бидам селектор со светска и европска титула, изјави селекторот на Франција, Дидиер Дешамп.