Застрашувачка глетка во забавен парк во САД – луѓе висат наопаку, посетители сведочат хорор сцени во живо/видео

213

Пожарникарите успеале да спасат 28 лица кои биле заглавени на височина од 30 метри, висејќи наопаку, за време на возењето во забавниот парк Оукс во Орегон, САД. Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повредени, се вели во соопштението од паркот.

Инцидентот во забавниот парк можеше да има трагични последици. За среќа, брзата реакција на вработените во паркот и пожарникарите спречиле сериозни повреди, јавува Скај њуз.

Според очевидци, се се случило ненадејно. Прво слушнале татнеж, а потоа и соопштение од огласувачкиот систем внатре во забавниот парк.

Крис Рајан, посетител на паркот, опиша како тој и неговата сопруга се подготвувале да се возат на панорамското тркало кога забележале дека возењето е заглавено. Слушаа луѓе како викаат, кога го кренаа погледот, останаа без зборови.

„О Боже мој, тие висат наопаку“.

Поради застрашувачката ситуација решиле да го напуштат паркот.

Вработените во паркот веднаш повикале 911 откако возењето запрело. Брзата помош пристигнала околу 25 минути подоцна. Работниците за одржување можеа да го вратат возењето во позиција за евакуација неколку минути подоцна.

„Нишалото“, кое работи од 2021 година и досега нема пријавено инциденти, ќе остане затворено до понатамошно известување, соопштија од паркот.

 

 

@noahglenncarter People were stuck upside down on this ride for at least half an hour @Chris Ryan #theoaks #portland #foryou ♬ forgot your name – c152