Утрово почина првиот голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26).
На чуварот на мрежата на Црна Гора и англиски Милвол му се слошило во станот во Будва каде бил на одмор.
Иако брзата помош пристигнала брзо, лекарите не можеле да му помогнат.
Матија Шаркиќ брилјираше на голот на Црна Гора пред неколку дена на мечот против Белгија, додека го прескокна мечот со Грузија.
За репрезентацијата имаше девет настапи.
Пред Милвол беше член на Стоук, Волвс, Бирмингем, Астон Вила…