„Од еден старец до друг“: Бајден низ хумор му го честиташе роденденот на Трамп/ВИДЕО

262

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден (81) на необичен начин му го честиташе 78-от роденден на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Честитки од еден старец до друг“, напиша Бајден во објавата што ја сподели на платформата „Икс“.

Во оваа специјална „честитка“, Џо Бајден вклучи видео во кое се споредува со Трамп, истакнувајќи ги негативните ставки од периодот на мандатот на Трамп.

„Годите се само бројка. Од друга страна, изборите се – избор“, рече Бајден.