EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Љубителите на УФЦ повторно се разочарани од Конор Мекгрегор откако ја откажа борбата со Мајкл Чендлер.

По бројните перипетии и често спротивставени информации во јавноста, познато е дека Мекгрегор нема да може да настапи на долгонајавуваниот настан „УФЦ 303“, кој ќе се одржи ноќта на 30 јуни, во Лас Вегас.

Обожавателите купија многу скапи билети за да го видат најпопуларниот ММА-борач на сите времиња, но овој пат нема да биде возможно тоа. УФЦ на секој начин се обидува да го „спаси“ настанот и сега ни претстои нов датум за борба за титулата.