Популарниот балкански денс-музичар Ѓоле Ѓогани постојано се грижи за своето тело, и изгледа фит, а доказ за тоа дека сè уште е секси, е и најновата фотографија која деновиве е направена на плажите на јужен Јадран. Ѓоле се наоѓа на одмор со сопругата Весна. И тоа традиционално во малечко морско место Бечиќи на црногорското приморје.
Ѓогани е прилично привлечен во шорцот за плажа, исончан и со стегнати градни и стомачни мускули, а ако се има предвид дека на 1 јули ќе наполни 64 години. Тој е во одлична физичка форма. За да го постигне сето тоа, Ѓоле води здрав начин на живот: редовно по малку јаде, редовно спие, не заглавува до доцна навечер,а тренира колку што му треба. Затоа резултатите се тука, а девојките можат да се “отрујат од мака“ бидејќи како таков Ѓоле ѝ припаѓа само на својата Весна.
Неговите фанови на социјалните мрежи коментираат дека секогаш е така преубаво за очите кога сопругата Весна ќе објави воедно и нивна разголена заедничка фотографија. Како што јасно потенцира една од обожавателите и на харизматична Весна, нејзиниот Ѓоле е отров за жените. А и самата Весна изгледа исто така неодоливо секси. Сопружниците со задоволство и преку фотографиите покажуваат дека сè уште се вљубени како од првиот ден. Ѓоле не само што е активен кога се тренинзите во прашање, туку напорно работи и на нови песни потенцијални балкански хитови, по примерот на оној „Нема више циле-Миле“.
-Вежбам и танцувам цел живот, така што моето тело го меморираше сето тоа. Сега веќе не морам многу да работам на изгледот на моето тело. Најважно ми е што живеам здраво, што не пушам, не пијам и рано си легнувам. Потребно е само малку одрекување за да бидам убав, „скромно“ раскажа секси Ѓоле. Д.М.