Кочанската депонија повторно гори

63

Градската депонијата кај село Бели, Кочани со месеци гори, воздухот е екстремно
загаден, мириса на изгорена пластика, Кочанчани се изложени на тешки
хемикалии во воздухот и опасност по нивното здравје.

Либерално демократска младина бара одговорност од локалните власти и
градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој во својата предизборна програма
ветуваше дека градската депонија ќе се затвори и конзервира, а на нејзиното
место ќе изгради еко-парк.

– Сегашните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори 2021
постојано се снимаа, сликаа и вклучуваа во живо од градската депонија како тие наводно се грижат за здравјето на Кочанчани, а сега од позиција на власт во Кочани немаат мрднато со прст за горењето на депонијата и продолжуваат да пропагираат квази-патриотизам без да ги решаваат локалните проблеми.
Либерално демократска младина ги повикува сите граѓани без разлика на
својата политичка или било која друга определба заедно да излеземе на протест против тровењето на кочанчани – вели Папазов.