– Не е идентификувано загрозување на меѓународниот воздушен простор во моментот на упадот во Контролната кула на М-НАВ“, е одговорот што Еуроконтрол го доставил до Јавното обвинителство на Скопје, во врска со настанот од 4 јануари годинава, кога вработениот во „Македонска навигација“, Беким Незири, со уште шест надворешни лица, влегоа во М-НАВ и физички нападнале контролор на летање, затоа што дал поддршка на протестите на Синдикатот на контролорите на летање поради сомнителните огласи кои резултираа со матни вработувања без селекција во сферата Воздухопловна техника, поради што овој и двата други синдиката во М-НАВ се заканија со штрајк и со затворање на небото над Македонија за авиопрелети.
Обвинителството ја заврши истрагата уште во април годинава и се чекаше на мислењето на Еуроконтрол за да се напише обвинение. Луѓето кои влегоа насилно во контролната кула беа ставени во куќен притвор додека се обезбедуваа доказите.
(С.Бл.)