Ислам Махачев го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија против Дастин Поирие. По борбата, тој изрази желба да го нападне појасот во полусредна категорија што го држи Леон Едвардс, бидејќи верува дека ги победил сите најдобри во својата категорија. Но, така не мисли Арман Царукјан, кој верува дека би го нокаутирал Махачев.
Иако ерменскиот борец Царукјан загуби од Ислам Махачев во меѓусебен меч во 2019 година, 27-годишниот борец верува дека тој е оној кој може да го симне феноменалниот Дагестанец од тронот.
Царукјан смета дека Махачев е преценет борец, иако човекот доминира во оваа категорија.
- Ислам е дефинитивно преценет. Тие мислат дека е непобедлив. Не знам зошто го мислат тоа, затоа што се обични луѓе како нас, вели Царукјан за дагестанските борци и продолжува:
- Ислам верува дека никој не може да го добие, но јас сум убеден дека можам. Кога дојде на мерење, сите го исвиркаа. Тој сакаше да се бори во Њујорк, но по оваа борба веројатно ќе сака да оди во Абу Даби бидејќи Њујорк не го сака. Таму ќе го нокаутирам. Нема сомнеж во тоа, уверен е Ерменецот.
Ислам Махачев смета дека реваншот со овој борец нема никаква смисла, но не бега од предизвици.
- Подготвен сум. Нема многу смисла да се направи реванш, ми треба нов предизвик. Но, ако Дејна Вајт (претседателот на УФЦ) ја сака таа борба, тоа нема да биде проблем, изјави Махачев.
Арман Царукјан моментално е во серија од четири победи во УФЦ. Чарлс Оливеира е неговиот најголем скалп во кариерата во која има учинок од 22 победи и три порази.
Покрај Ислам, на самиот почеток на кариерата беше поразен и од Матеуш Гамрот и Александар Белих.