„Македонски семејни винарници“ со успех на балкански вински настан

72

„Македонски семејни винарници“ со успех на балкански вински настан, трета година вино од наша членка е прогласено за најубаво македонско вино што се натпреварува на фестивалот во Бугарија, информираа од здружението со седиште во Кавадарци.

– Ова е голем успех на „Mакедонски семејни винарници“. Третпат по ред на најголемиот вински настан на Балканот – BIWC, за најдобро вино од Македонија – best of show, е прогласено вино на мала семејна винарија. Првиот пат, винарницата „Брзанов“ освои награда за најдобро македонско црвено вино на натпреварот, потоа винарницата „Попови“, сега на оценувањето, најмногу поени освои вино на винарницата „Илиев“, соопштија од Здружението.

Оттаму нагласија дека проектот за развој на мали семејни винарници ги покажува резултатите на меѓународната сцена.