Се реконструираат улиците: „Солунска Глава”, „Тошевска”, „Шиндаровска” и крак од „Илија Ристевски”

38

Во напредна фаза е реконструкцијата на повеќе улици во селото Драчево кои се видно оштетени и на ваков реконструктивен зафат чекале повеќе од 30 години. Се работи на улиците: „Солунска Глава”, „Тошевска”, „Шиндаровска” и крак од „Илија Ристевски”, со површина од околу 5.000 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека е задоволен од динамиката на работа и најави дека реконструкцијата  на наведените улици ќе финализира за десетина дена.

-Сите наши жители заслужуваат достоинствени услови за живот и ние продолжуваме интензивно да работиме и да го менуваме на подобро ликот на општина Кисела Вода – изјави Ѓорѓиевски.