Во Македонија и денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има ретка појава на локален пороен дожд и грмежи.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Раните претпладневни температури се движат во интервалот од 12 до 20, додека максималните соодветно ќе бидат од 29 до 36 Целзиусови степени.