Спасени се четири израелски заложници кои беа киднапирани на фестивалот пред осум месеци

48
Фото:принтскрин Х

Израелските сили во саботата спасија четворица заложници живи од централниот дел на Појасот Газа, соопшти армијата.

Четворица заложници, тројца мажи и една жена, беа киднапирани на 7 октомври од музичкиот фестивал Супернова во близина на заедницата Реим во јужен Израел. По ослободувањето тие се пренесени во болница на лекарски прегледи, пренесува Ројтерс.

Според се уште неофицијални информации, спасени се девојчето Ноа Аргамани и мажите Алмог Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив.

Специјалните сили истовремено извршија рација на две локации на Хамас во центарот на Газа, во Нусејрат. На една локација е спасен Аргамани, а на друга Меир Јан, Козлов и Жив.

Спасените заложници се во добра состојба, според првичните лекарски проценки. Тие се пренесени во болницата Тел Хашомер на дополнителна евалуација.

Тешки воздушни напади беа извршени на локации што ги држи Хамас за поддршка на копнените трупи. Здравствените власти на Хамас известија за „голем број жртви“.