Најмалку 50 луѓе загинаа во израелското бомбардирање на центарот на Газа

45
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Најмалку 50 луѓе загинаа во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Нусејрат и други места во центарот на Газа, потврдија денеска за Ројтерс палестинските власти во Газа.

Палестинската агенција Вафа наведува дека жртвите се претежно жени и деца, а освен Нусеират биле нападнати и камповите Ал Магази, Ал Заваида и Ал Бураџ, како и околината на болницата Ал Акса, пренесува Танјуг.

Според извештајот на Вафа, израелските сили, исто така, се обиделе да спречат помошта да стигне до повредените, таргетирајќи 130 амбулантни возила, принудувајќи повеќе од десетина да ги прекинат спасувачките операции.