EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Ден Харли е главен фаворит за нов тренер на Лос Анџелес лејкерс, пишуваат американските медиуми. Харли е архитектот на шампионската генерација на кошаркари од Универзитетот во Конектикат, кој ја одбрани шампионската титула во НЦАА во 2007 година, со победата над Пердју во финалето.

ЕСПН објави дека Харли ќе отпатува за Калифорнија и ќе го има својот прв состанок со највисокото раководство на Лејкерс во текот на викендот. Извесно е дека, по Пол Сајлас, Брендан Мелоун, Мајк Браун, Ерик Сполстра, Дејвид Блат, Тајрон Лу, Лук Волтон, Френк Фогел и Дарвин Хам, јубилеен десетти тренер на Леброн Џејмс во НБА ќе му биде Харли.