EPA-EFE/Tolga Akmen

Англискиот фудбалски стручњак Грем Потер е кандидат за нов менаџер на Брајтон, објавија британските медиуми. Потер (49) беше менаџер на Брајтон од 2019 до 2022 година, а потоа реши да го преземе Челзи. Тој беше на клупата на „сините“ од септември 2022 до април 2023 година, а моментално е без ангажман.

Брајтон е без менаџер, бидејќи италијанскиот стручњак Роберто де Зерби го напушти клубот по крајот на сезоната. Фудбалерите на Брајтон ја завршија сезоната во Премиер лигата на 11. место на табелата, со 48 бода, пред сè, поради лошата завршница.