Хејли Гилмартин и нејзиниот сопруг Тревор, од Мичиген, отстранија старо џакузи додека го реновираа својот дом во езерото Хјурон. Тие останале во шок кога под него откриле тунел кој водел до тајна одаја.
„Знаевме дека имаме многу работа пред нас, но не очекувавме да откриеме тунел под џакузито“, изјави Хејли Гилмартин, покажувајќи како на крајот го истражувале тунелот во голема просторија исполнета со вода.
„Водата не може да се испумпува бидејќи просторијата е поврзана со езерото Хјурон со голема цевка“, објаснува таа во видеото.
Сопствениците почнале да ја истражуваат историјата на куќата за да откријат за што се користи собата. Бидејќи езерото Хјурон се наоѓа на границата меѓу Канада и САД, тие претпоставуваат дека тунелот и скриената соба биле користени за шверц на алкохол меѓу двете земји за време на прохибицијата.
Претпоставката се потврдува и со фактот дека уште неколку нивни соседи откриле тунели под нивните домови кои водат во скриени соби. Освен тоа, сопствениците пронашле и блокирана дрвена врата во подземната просторија, која допрва треба да се отвори.
„Ќе продолжиме со истражувањето. Ако е можно, ќе ја испумпаме водата и можеби еден ден ќе ја претвориме просторијата во куглана“, рекол сопственикот.
@hayleyg099 Took out the Jacuzzi in the house we purchased 4 years ago and found a manhole to a room that goes 20ft under the house. Of course Trevor wanted to get in and swim around. Ended up finding another passage with a bolted wooden wall infront if it. To be continued when the water gets warmer #creepy #mystery #houseproject #hiddenroom #gopro #history #secret ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound