Во близина на исландскиот крајбрежен град Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба.
Тоа е петта вулканска ерупција во регионот од декември. По бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок создаден под земја, попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија RUV.
Кристин Јонсдотир, геофизичарка од Исландската метеоролошка служба, процени дека пукнатината била долга повеќе од еден километар.
Властите прогласија вонредна состојба.
Ерупцијата дојде неколку часа откако властите наредија евакуација на селото Гриндавик и Сината лагуна, отворен термички базен популарен меѓу туристите.
: Nouvelle éruption volcanique sur la péninsule islandaise de Reykjanes.
Pour rester informé, suivez @les_spectateurs pic.twitter.com/qxgNRNOnpg
— Les Spectateurs (@les_spectateurs) May 29, 2024
Таму во средата наутро имало меѓу 700 и 800 посетители.
Гриндавик се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 55 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик.
За време на ерупцијата во јануари, лавата проголтала три куќи на северниот раб на селото Гриндавик, кое има 4.000 жители.