Опрема за Младинскиот климатски хаб

47

Град Скопје ќе прими донација од УНДП, која се состои од опрема за Младинскиот климатски хаб, во рамките на Домот на културата „Кочо Рацин“. Зелено свело за одлуката за примање на донацијата треба да дадат советниците, на утрешната седница на Советот на Град Скопје.

Опремата се состои од: два клима-уреда, лаптоп, монитор и станица за приклучување, телевизор, принтер, 40 столчиња со потпирач за пишување, две конференциски маси и 20 вреќи за седење. Проценетата вредност на донацијата е 443 587 денари без ДДВ.

За реализација на оваа одлука, се овластува градоначалникот на Град Скопје да склучи договор за примање на донацијата со одговорното лице од УНДП. Со тоа, ќе се регулираат намената и начинот на користење на донацијата.