Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за својот Уникс Казан, завршувајќи го мечот со 18 поени и девет асистенции. Но, потфрлија неговите соиграчи во поразот од ЦСКА од Москва (83:94), во финалната серија на плејофот во ВТБ-лигата.

Сега, четата на нашиот Димитријевиќ е во негатива од 2:0 во финалната серија и ќе мора да игра многу подобро доколку сака да остане во борба за титулата.