Емоциите ја совладаа Благица Калева, заплака на сцената, но со мини концерт го освои „Фолк-фест Валандово 2024“  

6950

Само со песна ја преживеа трагедијата!

Нејзиниот настап предизвика бура од емоции кај публиката во салата „Јанко Узунов“. Благица заплака на сцената.  Во мислите, сосе публиката, се врати во таа кобна година, кога во сообраќајна несреќа загинаа нејзината ќерка Викторија и сопругот Костадин. Оттогаш поминаа дваесетина тажни години, но спомените на овие нејзини, премногу драги личности останаа      

 Добро познатата македонска фолк-пејачка, Благица Калева (која им е позната на обожавателите по хитовите „Кренете ги чашите“, „За моите очи четири“, „Песна на шумите“, „Стани, народе“, „И на јаве и на сон“, „Забранувам солзите да течат“, „Горда мајка“), повторно запеа на популарниот „Фолк-фест Валандово“. Се случи тоа минатиот викенд, кога со свој мини концерт (во паузата меѓу гласањето на публиката) настапи во ревијалниот дел на 37. издание на валандовскиот фестивал. Нејзиниот настап предизвика бура од емоции кај публиката во салата „Јанко Узунов“.

Благица заплака на сцената. Ја совладаа емоциите. Во мислите, сосе публиката, се врати во таа кобна година, кога во сообраќајна несреќа загинаа нејзината ќерка Викторија и сопругот Костадин. Оттогаш поминаа дваесетина тажни години, но спомените на овие нејзини, премногу драги личности останаа. Времето не ги излекува раните. Благица само се свикна да живее со тагата, но и научи како да не падне во депресија.

Собра сила повторно да ѝ се врати на естрадата, на музичката сцена. „Фолк-фест Валандово“ во 2004 година ќе ја памети по судбоносната песна „За моите очи четири’“, кога победи. Стиховите на песната кажуваат сè: таа продолжи напред, а тешките и тажни денови останаа зад неа. Сепак, тоа не беше причина да се повлече во себе, да се затвори дома и да тагува. Беше многу свесна дека нема ништо да смени со тоа, дека нема да ги врати своите најмили од црната земја. Песната е таа што, секако, најмногу ѝ помогна да се извлече од канџите на преголемата болка. И сега, на годинашново „Валандово“, Благица доби огромни аплаузи за настапот, а нејзината внука, Софија, се качи на сцената и ѝ подари голем букет цвеќиња.

-Валандово е мое, тука можам да бидам тоа што сум, бидејќи сум меѓу своите. Тука ја имам најголемата поддршка во животот – им кажа на новинарите Калева, која сега живее и работи во Струмица.    Д.М. фото:ФБ