Германска авиокомпанија ја менува политиката: Летово ќе им нуди бесплатно кафе на патниците

598

Германската авиокомпанија Луфтханза во понеделникот соопшти дека ќе ја тестира понудата на бесплатни пијалоци, како кафе или чај, на директните летови на економска класа на кратки и средни релации ова лето, пренесе Хина.

„Во моментов размислуваме за повторно воведување на бесплатни пијалоци како кафе или чај во економска класа на летови на кратки и средни релации“, рече портпаролот на компанијата.

Оваа понуда, додаде портпаролот, ќе биде на проба во текот на летната сезона и ќе им помогне да видат „реакција и задоволство на патниците“.

Ова треба да го подобри опсегот на услуги на летови на кратки и средни дестинации, смета Луфтханза. Компанијата ги прекина бесплатните пијалаци и закуски во летото 2021 година и ја воведе опцијата за оваа услуга со плаќање.

Моментално на летовите на Луфтханза се нуди чај за три евра, а кафе за 3,50 евра. За ѓеврек треба да се одвојат 2,50 евра.