НАЈВИСОКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ ВЛАСТИ: Паника поради вулканска ерупција на Индонезија

18

Вулканот Ибу во Индонезија денеска повторно еруптираше и исфрлаше пепел во висина од шест километри.

Вулканот Ибу што се наоѓа на островот Халмахера, во провинцијата Северна Молука, е активен од почетокот на годината и досега се регистрирани најмалку 95 ерупции.

Од средината на месецот во Индонезија во сила е највисокиот степен на предупредување поради ерупција на вулканот.

Облакот од пепел се движи кон запад, а највисокото предупредување е издадено за воздухопловните власти, како и препорака да се евакуира населението на седум километри од вулканот.