Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Во попладневните часови, претежно во западните делови од земјата, ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе биде од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 28 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Наутро температурата ќе биде 13 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 27 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови од земјата, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.
Во Скопје, утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во попладневните часови ќе се зголемува, а ќе дува и слаб северен ветер.
Температурата утре ќе се движи во интервал од 16 до 28 Целзиусови степени.