Сензационалниот финалист на Светското првенство во пикадо што се одржа во јануари во Лондон, Лук Литлер (17), со своите настапи и изглед ги освои симпатиите во целиот свет. Во финалето загуби од својот истоименик и сонародник Хемфрис, но му се оддолжи четири месеци подоцна, во финалето на Премиер лигата, каде го победи својот ривал и покрај трофејот освои и околу 300.000 евра.
Литлер предизвика делириум во салата погодувајќи најн-дартер. Тоа значи дека освоил лег со најмал можен број стрели, девет од нив. По резултатот 5:5 на паузата, Лук со најн-дартер забележа победа од 11:7.
Така продолжи сезоната од бајките на чудото од дете, кое стана најмладиот освојувач на Премиер лигата и најмладиот кој погодил најн-дартер. Воодушевен од импресивниот и историски триумф и освоеното богатство, тој најави на што ќе го потроши првиот дел.
- Одам во Дизни Ворлд, во водените паркови и ќе купам Нинтендо Свич!, истакна младиот пикадо-мајстор.