На Кулата Белград вечерва во знак на благодарност беа испишани имињата на земјите кои не гласаа за усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации.
„Ви благодариме, пријатели! Горда Србија и Српска. Ние не сме геноцидна нација“, пишува во пораката на Белградската кула.
Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот ја усвои резолуцијата за Сребреница со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.
Имаше повеќе воздржани и земји кои гласаа против резолуцијата, вкупно, отколку што беа за, односно само 43 отсто од земјите членки гласаа за резолуцијата за Сребреница, додека дури 57 отсто беа против или воздржани.